Министерот Маневски ќе учествува на собир на министрите за правда и внатрешни работи на земјите од југо-источна Европа учеснички во Процесот на сораб  
     
 

11.04.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски на 12 и 13 април 2007 година  ќе ја предводи делегацијата што ќе присуствува на средбата  на министрите за правда и внатрешни работи на земјите од југо-источна Европа учеснички во Процесот на соработка што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Темата на собирот на министрите за правда и внатрешни работи е „Стандардите на ЕУ и владеењето на правото во југо-источна Европа“. На средбата фокусот на вниманието ќе биде насочен кон исклучително важните и специфични прашања во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во овој дел на Европа во насока на зајакнување на Регионалната сопственост на процесот на интеграција во ЕУ.

Министерот Михајло Маневски ќе се обрати со излагање на тема: „Подобрување на соработката во борбата против корупцијата“

Имајќи ја предвид европската перспектива на земјите од југо-источна Европа учеснички во Процесот на соработка, потврдена со Самитот на ЕУ во Солун 2003 година, министрите ќе ја разгледаат ситуацијата во регионот во областа на правдата и внатрешните работи во контекст поширок европски контекст.

На собирот ќе присуствуваат и потпреседателот на Европската комисија, Франко Фратини, што само ја потврдува силната определеност на ЕУ да ја поддржи соработката со овие земји во  иднина, како и специјалниот координатор на Пактот за стабилност на југо-источна Европа Ерхард Бусек.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk