Соопштение  
     
 

30.07.2014

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashari денеска се сретна со амбасадорот на Република Косово, г. Илбер Хиса.

На средбата министерот Jashari го извести амбасадорот Хиса  со активностите  кои ги спроведува Министерството за правда.

Министерот Jashari истакна дека во министерството се работи и на реформските постапки кои се превземаат во правец на обезбедување на ефикасен и независен судски систем, потенцирајќи дека е во располагање  да разменува искуства со Косово, што се однесува на областа на судскиот систем.

Во текот на средбата се разговараше и за досегашната соработка и соработката за во иднина со Република Косово, од областа на екстрадицијата, трансферот и од областа на кривично правната материја.

Исто така министерот Jashari го информираше амбасадорот Хиса за иницијативата на Министерството за правда во врска со склучувањето на Договорот за меѓународна правна помош во граѓанската и трговската  материја.

Амбасадорот г. Илбер Хиса, се заблагодари за пречекот од страна на министерот  Jashari,и истакна дека неговите залагања во текот на наредниот период ќе бидат насочени кон зајакнување на правната соработка меѓу двете земји.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk