Министерот за правда, д-р Adnan Jashari денес се сретна со Францускиот амбасадор  
     
 

19.08.2014

 
 

Министерот за правда, д-р Adnan Jashari денес се сретна со Францускиот амбасадор Н.Е г-ѓа Лоранс Оер.

Тема на разговор на состанокот беше успешната соработка која се остварува помеѓу двете држави со посебен акцент  на правосудството како и за понатамошните начини на соработка.

Министерот Jashari го информираше Амбасадорот Н.Е г-ѓа Лоранс Оер за тековните процеси и реформските активности кои се преземаат во насока на обезбедување на ефикасен и независен правосуден систем.

Амбасадорот Н.Е г-ѓа Лоранс Оер  му ја честита новата функција на министерот Jashari и  укажа дека стои на располагање за продлабочување на  соработката. Таа подвлече и дека промените и реформите кои се прават во областа на правосудството се суштински промени и се работи за клучна област од значење за процесот на Европска интеграција.

На средбата се дискутираше за значајни прашања  за спроведување на  судската реформа и соработката на полето на правдата помеѓу Р.Македонија и Р.Франција како и понатамиошна соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и активностите поврзани со  Националната школа за Правосудство на Франција – Бордо е една од светски реномираните и најискусни институции за обука во областа на правосудството.

На крајот на средбата министерот Jashari, откако информираше за натамошниот тек на интензивниот реформски процес, се заблагодари за големата поддршка, и изрази интерес за натамошна соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk