Министерот за правда на Република Македонија оствари D-r Adnan Jashari протоколарна средба со британски амбасадор Чарлс Герет  
     
 

02.09.2014

 
 

Министерот за правда D-r Adnan Jashari, денеска, во просториите на Министерството за правда, ја оствари првата протоколарна средба со британски амбасадор Чарлс Герет.

На првата протоколарна средба британскиот амбасадор, г-н Герет  упати честитки до министерот за правда, D-r Adnan Jashari  по повод неговото назначување на оваа одговорна функција. Тој истовремено ја истакна подготвеноста за пружање помош и совет во областа на владеењето на правото и потврди дека се цени јасната визија со која Република Македонија напредува во делот на владеење на правото.

Министерот Jashari  се заблагодари за упатените честитки и истовремено ја истакна благодарноста за севкупната поддршка, особено нагласи дека еден од главните приоритети на Министерството за правда ќе биде имплементацијата на законите што ќе бидат носени.

Министерот Jashari, исто така, ја потенцираше неговата определба да продолжи со реформите во правосудството, како и да ги интензивира чекорите во насока на исполнувањето на стратегиската определба за членство во ЕУ и  НАТО.

 На крајот од средбата, министерот Jashari се  заблагодари за севкупната поддршка и пријателските односи  со британската амбасада и посочи дека како член на владата на Република Македонија ќе продолжи да ги негува пријателските односи и во иднина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk