Министерот за Правда оствари средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ  
     
 

03.09.2014

 
 

Министерот за правда , D-r Adnan Jashari денеска во просториите на Министeрството за правда се сретна со претседателот на  Синдикатот на УПОЗ , Пецо Грујовски.


Ова е прва средба со Синдикатот од кога министерот Jashari раководи со министерството за правда, со цел да се продолжи воспоставувањето на вистински социјален дијалог помеѓу Министерството за правда и Синдикатот.

Понатаму на средбата се разговараше за учеството на Синдикатот на УПОЗ во работата на комисиите и работните тела при донесувањето на законите, правилниците и подзаконските акти во правосудството, формирање на работни групи за подготовка на текст на колективен договор за вработените во правосудството, активностите на синдикалната организација при Министерството за правда.

Синдикатот на УПОЗ и министерот Jashari заеднички го потврдија фактот дека добрата комуникација меѓу социјалните партнери ќе значи подобрување на условите за работа во правосудните органи и во Министерството за правда, што евентуално ќе резултира со зголемување на ефикасноста на правосудниот систем во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk