Новиот Закон за меѓународно приватно право е хармонизација со стандардите на Европската унија  
     
 

03.04.2007

 
 

Во организација на Министерството за правда  на 03 април 2007 година се одржа јавна расправа за  новиот Закон за меѓународно приватно право.

„Донесувањето на Законот за меѓународно приватно право произлегува од стратешката определба на Владата на Република Македонија за членство во Европската унија. Со новите решенија се овозможува подобрување на постојните врз основа на резултатите од нивната досегашна примена во практиката на судовите и другите органи“, рече Здравка Скалова, раководител на сектор во Министерството за правда, отворајќи ја расправата.

 Воедно со новите законски решенија ќе се пополнат воочените правни празнини, кои со досегашното законодавство не беа регулирани. Со новиот Закон за меѓународно приватно право се врши и  хармонизација со стандардите на Европскта унија во оваа област, додаде Скалова.

На расправата покрај претставниците на Министерство за правда  учествуваа претседателите на судовите од Република Македонија, како и експерти од Правниот факултет „Јустинијан први„ од СКопје.

Учесниците во расправата дадоа повеќе корисни мислења и забелешки.Сите предлози, како што рекоа претставниците на Министерството за правда, ќе бидат разгледани од работната група за изготвување на Законот за меѓународно приватно право и оние кои придонесуваат во подобрувањето на текстот на Законот ќе бидат вметнати.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk