Министерот за правда D-r Adnan Jashari во еднодневна посета на Mинистерството за правда на Република Косово  
     
 

05.09.2014

 
 

Делегација од Министерството за правда на Република Македонија предводена од министерот Jashari денеска престојуваше во еднодневна пријателска посета на Министерството за правда на Република Косово каде оствари средба со министерот за правда на Република Косово Хајредин Кучи , Претседателот на Судскиот Совет и Претседателот на Советот на Јавни обвинители . Министерот Jashari изрази задоволство од присуството на овие пријателски средби со надеж за продлабочување на правната соработка меѓу двете држави.
Неспорен е фактот рече Jashari во своето обраќање дека во современиот свет, организираниот криминал и корупцијата не познаваат граници, при што криминалците ја злоупотребуваат постоечката ситуација и успешно го избегнуваат казнено гонење, особено кога се има предвид дека криминалците ги избегнуваат казните дури и за најтешките кривични дела.





Со тоа истакна Jashari се доведуваат во прашање превентивната и репресивната функција на казненото право и меѓународната и регионална правна соработка за спречување на криминалот и обврските на државата од меѓународните инструменти.
Ваквата состојба рече Jashari не е во интерес ниту на една држава, а особено имајки во предвид дека и Република Македонија и Република Косово имаат заеднички аспирации за зачленување во Европската Унија.
Токму затоа истакна Jashari клучен приоритет на земјите од регионот е сузбивање на криминалитетот по пат на склучување на билатерални договори од кривична материја.
Во таа насока рече Jashari Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово се договорија за склучување на три билатерални договори и тоа:
- Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за взаемна правна помош;
- Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за екстрадиција и
- Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за трансферот на осудени лица;


Со овие договори се овозможи зајакнување на меѓународната соработка во кривичната материја особено во областа на справување со криминалитетот, ќе се зајакнат капацитетите на институциите за справување со ова зло, ќе се овозможи брза и ефикасна судска постапка, со што едновремено ќе се одговори на проблемите што двете држави ги имаат во гонење на криминалитетот истакна Jashari.
Трите договори се потпишаа на ден 08. 04. 2011 година во Приштина. Договорите се ратификувани од Собранието на Република Македонија и стапија во сила на ден 24. 06. 2012 година од кога следи нивната примена.
Од двегодишната примена на гореспоменатите договори слободно можеме да кажеме дека соработката во меѓусебната правна помош во кривичната област се одвива без посебни забелешки.
Но тука не застана нашата соработка рече Jashari , така што имајки го во предвид фактот дека се работи за две соседни држави, каде правниот сообраќај е мошне развиен, каде што постои испреплетување на семејни, брачни, имотни, алиментациони и други односи кои не секогаш доведуваат и до спорови, се јави потреба од регулирање на овие односи со склучување на билатерален Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за правна помош во граѓански предмети. Досегашната соработка меѓу двете држави во областа на меѓународна правна помош во граѓански предмети се одвиваше по дипломатски пат преку Министерството за надворешни работи врз основа на принципот на реципроцитет истакна Jashari.
Со оглед дека дипломатскиот пат на комуникација е поскап и побавен, на престојните средби двете делегации се договорија да се покрене иницијатива за склучување на билатерален договор кој ќе ја регулира граѓанската материја.
Преговорите за склучување на договорот се одржаа на 05. 03. 2014 година во Приштина и 17. 04. 2014 година во Скопје, на која учествуваа експертските групи од министерствата за правда на двете држави.
Oд наша страна рече Jashari постои воља да следи набргу парафирање на договорите со цел за нивно потпишување од Министрите за правда, така што со потпишувањето на билатералниот договор во граѓанската област ќе се заокружи правната рамка меѓу двете држави во областа на меѓународна правна помош.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk