Продолжуваат активностите за реформа во правосудниот сектор  
     
 

17.09.2014

 
 

Денеска во Министерството за правда се одржа заеднички состанок  во рамки на EK проект за изработка на Акциски план за натамошна реформа во правосудниот сектор кој го отвори министерот за правда D-r Adnan Jashari со учество на делегација на Европската унија предводена од г. Аиво Орав.

На состанокот министерот Jashari рече дека имајќи ги во предвид резултатите од досегашната примена на постојната законска регулатива, како и од реализираните активности утврдени во рамките на Стратегијата за реформа на правосудниот систем на Република Македонија, како и определбата за исполнувањето на критериумите за полноправно членство во Европскта унија, се наметна потребата од превземање на активности за понатамошно спроведување на реформите на правосудниот систем во насока на создавање на ефикасен правосуден систем, заснован врз европските и меѓународните стандарди и правила.

Од аспект на заедничка соработка и координација со Европската комисија и согласно приоритите од Пристапниот дијалог на високо ниво, истакна Jashari за имплементација на  Рамката  за натамошен развој на правосудството 2014-2017 е утврдено дека е потребно да се изготви Акциски план со утврдени краткорочни, среднорочни активности, надлежни институции, буџетски импликации, човечки ресурси и временска рамка.

Со оглед дека сеопфатната проценка на ниво на сектор на недостатоците и потребите од аспект на европските стандарди и компаративни практики, спроведена во контекст на планираната Програма на ЕУ за поддршка на секторската политика се смета како идентификациона фаза за подготовка на Акцискиот план, се надевам рече Jashari дека овој нов Проект за поддршка на процесот на изработка на Акционен план за реформата во правосудниот сектор за Република  Македонија,  успешно ќе се реализира до крајот на 2014 г.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk