Конференција за започнување на Твининг – проектот ИПА 2010 ,,Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата,,  
     
 

23.09.2014

 
 

 

Министерот за правда D-r Adnan Jashari денеска имаше свое обраќање на Конференција за започнување на Твининг –проектот ИПА 2010 ,,Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата,, во кое истакна дека  со овој проект ќе се даде значаен придонес во  зајакнување и зголемување на ефикасноста на институциите за борба против корупција во имплементацијата и следењето на извршувањето на политиките во областа на борба против корупција.

Уште повеќе, истакна Jashari, овој проект ќе помогне во обезбедување на транспарентно финансирање на политичките партии и на изборните кампањи, зајакнување на капацитетите на судовите, јавните обвинителства и Агенцијата за управување со конфискуван имот, примена на развиените индикатори за мерење на степенот и видот на корупција во јавниот и приватниот сектор, развивање на систем на критериуми со индикатори за следење, мерење и оценување на ефикасноста на анти-корупциската политика, како и воспоставувањето на постојан  систем за декларација  на имот.

Министерот Jashari  потенцираше дека покрај континуираната заложба за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата останува и понатаму примарен приоритет за Република Македонија. Во оваа смисла, рече Jashari Министерството за правда во соработка со останатите релевантни институции и во иднина ќе продолжи посветено да работи на подобрување и унапредување на правната рамка за спречување на корупцијата усогласена со европските и меѓународните стандарди во оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk