На ДУТ се одржа стручно-научна расправа за нацрт-амандманите на Уставот  
     
 

23.09.2014

 
 

 

На Државниот Универзитет во Тетово се одржа стручно – научна дебата за Нацрт – амандманите на Уставот на Република Македонија, кој е организиран од страна на Министерството за правда во соработка со Правниот факултет на ДУТ. Дебатата ја отвори Ректорот на ДУТ, проф. Д-р Вулнет Амети.

„Дозволете ми да го изразам моето задоволство и задоволството на Државниот Универзитет на Тетово, за преземањето на ова иницијатива од страна на Министерството за правда,  за да ова стручно – научнадебата за нацрт амандманите на Уставот  на Република Македонија, да се реализира пред студентите  и професорите на Правниот факултет.

Ние мислиме и цениме дека, во анализата и расправата во однос на уставните измени,треба да се постигне не само  етнички  и политички консензус, туку и да се извршат и консултации со експерти на Венецијанската  комисија, како тело составено од меѓународните правници, кои ќе ги усогласат ставовите и измените со праксите на Европската Унија, таму каде што меѓу другото Република Македонија има за цел да се интегрира“, изјави  Ректоротна  ДУТ проф. Д-р Вулнет Амети.

Министерот за правда D-r Adnan Jashari истакна дека, уставните измени првенствено се фокусирани на три области, кои според него се многу важни за нашето општество во општо. „Фокусирани сме на три области кои верувам дека се многу важни за општеството во Република Македонија. Првата област е поврзана со судството, второто со семејното право и третата со финансиите. Во областа на правосудството се предлагаат две измени  кои верувам дека се многу важни за функционирањето на ова власт, во рамките на државната власт. Првото е во однос на измените и составот на Судскиот совет на РМ, каде се предлага претседателот на Врховниот суд  да не биде член на овој совет и овие две места да се потполнат  од страна на судии, преку директен избор  на  судии“, рече министерот за правда, D-r Adnan Jashari.

Деканот на Правниот факултет на ДУТ, проф. д-р Мерсим Максути, рече дека, овие измени не се оправдани  бидејќи  во моментов Македонија има поголеми проблеми кои треба да ги реши. Почнувајќи од ова, кога се отвора прашањето за постапката за измените на еден устав, вообичаено уставните измени доаѓаат како претекст, како иницијатива за нештата, за кои сега се детектирани како големи проблеми  на едно општество и на една држава. Тргнувајќи од овој аспект, не мислам дека е разумно во моментов  да се отвораат овие прашања, овие уставни измени кои се веќе предложени,  додека Македонија се соочува  со други проблеми кои се многу по големи од ова, дури и проблеми од кои зависи и иднината на ова држава“,  рече деканот на Правниот факултет, проф. д-р Мерсим Максути.

Дури и универзитетските професори, Бајрам Положани и Осман Кадриу се против овие измени барајќи од албанскиот политички субјект да не прифаќа да ги поддржи овие измени, дотолку кога ВМРО-ДПМНЕ без нив нема доволно гласови  да ги изврши овие измени.  Додека, министерот за правда D-r Adnan Jashari рече дека,  секоја сугестија, секоја забелешка која ќе произлезе од дебатата, ќе се адресира до Министерството за правда, со цел истите да се разгледаат од страна на министерството и истите ќе се достават до Владата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk