Состанок на Jashari со претставници од Бугарската академија на науките и уметностите  
     
 

03.10.2014

 
 

На 3 октомври 2014 година министерот за правда се сретна со претставници од Бугарската академија на науките и уметностите во рамките на соработката меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките и уметностите. Во рамките на оваа поширока соработка е и проектот за соработка во областа на судството.

Министерот за правда d-r Adnan Jashari на гостите од Бугарската академија на науките и уметностите им ги презентираше активностите на Министерството за правда во областа на правосудството. Посебен акцент беше ставен на амандманите на Уставот на Република Македонија.

 Министерот Jashari ја истакна корисноста од овој проект имајќи ги предвид искуствата на Бугарија од процесот на пристапување кон Европската унија.

 Исто така, беше нагласена и потребата за интензивирање на соработката и во сферите на нотаријатот, извршителите, медијацијата и евроинтеграциите.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk