Амбасадорот на САД, Пол Волерс и Министерот за правда д-р Аднан Јашари, ја посетија Општина Гостивар и Апелациониот суд во Гостивар  
     
 

07.10.2014

 
 

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Пол Волерс и Министерот за правда д-р Аднан Јашари, ја посетија Општина Гостивар, каде беа пречекани од Градоначалникот Невзат Бејта и заеднички го посетија Апелациониот суд во Гостивар, каде беа пречекани од Претседателот Шефајет Хајдари. Соговорниците дискутираа за теми актуелни во земјава, во врска со соработката меѓу локалната самоуправа и американските агенции, посебно за функционирањето на локалната власт и спроведувањето на децентрализацијата. Претседателот Бејта откако даде краток осврт за функционирањето на Општина Гостивар, го извести амбасадорот Волерс за реализираните активности во општината од моментот на преземање на мандатот до денес. Меѓу другото претседателот Бејта истакна дека е во тек реализирањето на неговата програма и дека таа програма ќе се спроведе сто по сто  и ќе се надмине.

Градоначалникот нагласи дека се работи во секое урбано и рурално живеалиште  на општината, без разлика која етничка  заедница живее во тие живеалишта.  Бејта исто така го извести амбасадорот Волерс дека во текот на овој период  лично  се сретнал со над четири илјади  граѓани сослушувајќи ги нивните маки и нивните потреби.

Градоначалникот Невзат Бејта му се заблагодари на амбасадорот Волерс за постојаната поддршка од амбасадата и американскиот народ за развојот на Македонија како демократско општество. Амбасадорот Волерс му честиташе на градоначалникот Бејта за активностите и работите кои ги реализира Општина Гостивар и истакна  дека Општина Гостивар треба да расте и да се следи како пример за правилно функционирање на соживотот меѓу заедниците и еднакво реализирање на работите во пракса. Волерс исто така се интересираше и за предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа како и за функционирањето на децентрализацијата.

Амбасадорот на САД, Пол Волерс придружен од Министерот за правда д-р Аднан Јашари и Градоначалникот Невзат Бејта, имаа работна средба во Апелациониот суд во Гостивар каде беа пречекани од претседателот Шефајет Хајдари. Во текот на ова работна средба претседателот на судот ги извести присутните за функционирањето на институцијата со која тој раководи, за постигнатото и резултатите на ова високо судска институција.  Министерот Јашари го потврди неговиот јавен став дека се залага за реформа на судскиот систем во Македонија со намера да истиот  да биде транспарентен и праведен кон сите граѓани на Македонија.

Амбасадорот Волерс истакна дека поддршката на судскиот систем во Република Македонија е една од клучните намери на државата која тој ја претставува  и таа поддршка ќе продолжи и понатаму како од технички аспект така и од аспект на професионален развој. Основата на една демократија е функционална и фер правдина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk