Jashari се сретна со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил.  
     
 

21.10.2014

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashari денеска се сретна со турскиот амбасадорот во Македонија, Омур Солендил.

На средбата турскиот амбасадорот упати честитки до министерот d-r Adnan Jashari по повод неговото именување на ова задача. Амбасадорот Омур Солендил изрази подготвеност да обезбеди помош и совети во областа на правосудството, нагласувајќи дека Турција отсекогаш бил голем пријател за соработка на Република Македонија.

Во текот на средбата министерот Jashari го информираше амбасадорот за досегашните проекти и исто времено се заблагодари за помошта која ја нуди Амбасадата на Турција на Република Македонија.

Се разговараше и за актуелната постапка во однос на измените на Уставот на Република Македонија и за одржаните јавни дебати за уставните амандмани.

Министерот Jashari исто така го извести амбасадорот Солендил и за другите активности кои се во тек и кои се во надлежност на Министерството за правда.

На ова средба се разговараше и за некои одредени состојби кои се актуелни во судскиот систем.

На самиот крај од средбата двете страни изразија задоволство за досегашната соработка и се заложија за унапредување на истата во иднина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk