Jashari се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза  
     
 

22.10.2014

 
 

Тема на разговорот беше успешната досегашна соработка меѓу двете земји, каде посебен акцент беше ставен врз судството, како и врз начинот на понатамошната соработка.

Министерот Jashari го информираше амбасадорот Абароа Каранза за постапките кои се во тек, како и за реформските активности кои се превземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем. 

Aмбасадорот Рамон Абароа Каранза  му ја честита новата функција на министерот Jashari како министер за правда, и изјави дека е спремен за продлабочување на досегашната соработка. Тој исто така истакна дека, измените и реформите кои се прават во областа на правосудството, се суштински и многу битни за процесот на Евро интеграцијата. Во рамките на ова средба се зборуваше и за искуството на Кралството Шпанија во областа на малолетничката правда.

Министерот Jashari се заблагодари за соработката и пријателските односи меѓу двете земји, и истакна дека, како член на Владата на Република Македонија, спремен е да продолжи и понатаму со меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk