Известување - Министерство за правда на ден 06.11.2014 во Бирото за јавни набавки под Огласи - Други огласи објави: - Оглас број 29, 30 и 31  
     
 

18.11.2014

 
 

Почитувани,

Министерство за правда на ден 06.11.2014 во Бирото за јавни набавки под Огласи - Други огласи објави:

- Оглас број 29 за Набавка на услуги за подготовка на испитни прашања од првиот дел на испитот, студиите на случај и прашања од вториот дел на испит за извршители за потребите на Министерство за правда,
- Оглас бр. 30 за Набавка на услуга за подготовка на испитни прашања од првиот дел на испитот, студиите на случај од вториот дел на испитот и случаите за оцена на вештините за спроведување на испитот за медијатори за потребите на Министерство за правда,
- Оглас бр. 31 за Набавка на услуга за подготовка испитни прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на за вештаци, за потребите на Министерство за правда.

Кандидатите заинтересирани да достават понудат, мора да подигнат тендерската документација и тоа: од сајтот на Бирото за јавни набавки, Електронски Систем за Јавни Набавки -ЕСЈН – доколку лицата заинтересирани да аплицираат се регистрирани на истиот сајт или лично од просториите на Министерство за правда ул. Јуриј Гагарин бр.15, Скопје. Тендерската објавена на веб страната на Министерство за правда не може да служи како официјален документ за доставување на понуда, истата е само од информативен карактер.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk