Заедничка прес конференција со Претседателот на Државниот совет за превенција на детско престапништво м-р Миле Гиновски  
     
 

17.11.2014

 
 

Министер за правда на Република Македонија dr. Adnan Jashari заедно со Претседателот на Државниот совет за превенција на детско престапништво на Република Македонија М-Р Миле Гиновски, денеска го промовираа реализирањето на програмата за зајакнување на семејствата.

Министерството за правда како и досега дава поддршка на активностите на Државниот совет кои се во насока на натамошно зајакнување на институционалните и човечки капацитети за превенција на детското престапништво.

„Оваа програма има превентивен карактер преку зајакнување на капацитетите на семејствата и превенирање на проблемите поврзани со ХИВ/Сида, криминал и наркоманија. Таа е наменета за деца кои се уште не манифестираат проблеми„ рече министерот за правда dr. Adnan Jashari. 

Воедно рече Jashari таа е продолжување на соработката на Република Македонија со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал и во изминатите две години е имплементирана во 10 пилот училишта а со која беа опфатени повеќе од 350 родители и ученици на возраст од 10-14 годишна возраст.

„Во досегашната практика оваа програмата покажала ефикасност во зголемување на способноста на децата  да постават соодветни граници под притисоците на врсничката група, а родителите да покажат љубов и поддршка на нивните деца  и да ги практицираат научените родителски вештини. Истражувањето исто така покажало долгорочни влијанија врз адолесцентите при покажување на отпор за користење на штетни супстанци, агресија, а поголема амбиција при здобивање со академски перформанси„ додаде Jashari.

Во таа смисла Jashari ги поздрави претстојните проектни активности на Државниот совет и убеден сум дека истите ќе дадат дополнителен придонес во националните активности за унапредувањето на правата и детето и превенцијата на малолетничкото престапништво.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk