Министерот за правда d-r Adnan Jashari денеска се сретна со државниот обвинител на Република Косово г. Суле Хоџа и со амбасадорот на Република Косово  
     
 

18.11.2014

 
 

Државниот обвинител на Република Косово г. Суле Хоџа придружуван од амбасадорот на Република Косово г. Илбер Хиса ,  на средбата со Министерот за правда Adnan Jashari разговараа за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, при што посебен акцент  беше ставен врз областа на обвинителството.

Министерот Jashari се осврна на постапките кои се во тек  и на  реформските активности кои се преземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем.

Државниот обвинител Суле Хоџа истакна дека Република Косово е подготвена  за соработка и дека измените и реформите кои се спроведуваат  во судската област,  се суштински  и  дека се работи за  клучна област  од големо значење за процесот на евро интеграција на Република Македонија.

На крајот на  средбата, министерот за правда Adnan Jashari и државниот обвинител Суле Хоџа се договорија да продолжат со соработката меѓу двете земји  а воедно министерот Jashari му се заблагодари на г. Хоџа за неговата посета на Министерството за правда. На  средбата двете страни изразија задоволство за досегашната соработка и се заложија за унапредување на истата во иднина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk