Делегација на Министерството за правда во посета на Хрватска и Словенија  
     
 

17.04.2007

 
 

         Делегација на Министерството за правда на Република Македонија,  предводена од државниот секретар Нуман Лимани, во чиј состав се и раководителот на сектор за правосудство, Рахилка Стојковска и директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеоргиевски од 16 до 19 април 2007 година е во работна посета на Министерството за правда на Република Хрватска и Министерството заправосудство на Република Словенија.

          На средбите со претставниците на Министерството за правда на Република Хрватска и Министерството за правосудство на Република Словенија ќе се разговара за реформите на правосудниот систем.

Посебен акцент ќе биде ставен на обезбедувањето на судење во разумен рок, како и на Законот за плаќање на трошоците и Законот за судска служба.

Делегациите ќе разменат искуства и во  областа на правосудната управа, односно темите: надзор над работата на судовите, управен дел, судска статистика и именување правосудни функционери.

Тема на разговорите меѓу делегациите ќе биде и казненото право.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk