Министерот Јашари се обрати на свеченото отворање на Регионалната Конференција организирана од страна на Министерството за Правда, RAI и RACVIAC  
     
 

25.11.2014

 
 

Министерот Д-р Аднан Јашари денес присуствуваше на свеченото отворање на Регионалната Конференција на тема „Трендови и предизвици во имплементирањето на антикорупциските стратегии„ организирана од страна на Министерството за Правда, RAI и RACVIAC, каде присуствуваа директорот на Центарот за безбедносна соработка на RACVIAC  амбасадор г. Бранимир Мандиќ, Претседателот на Државната комисијата за спречување на корупција г. Ѓорѓи Сламков, претседателот на Регионалната антикорупциска инцијатива г. Раду Котичи, претседавачот на Регионалната антикорупциска иницијатива, г. Давор Дубравица и претставниците на земјите членки на RAI.

Министерот Jашари во неговото обраќање ја истакна улогата на Министерството за правда на Република Македонија, кое, меѓу другото, во рамки на своите надлежности:

Предлага легислатива која е клучна во антикорупциската правна рамка,

Предлага мерки и презема активности за усогласување со меѓународните антикорупциски препораки и стандарди за јакнење на антикорупциската институционална рамка,

Спроведува координаторски активности на национално ниво преку своите претставници кои претседаваат односно раководат со Меѓу ресорското тело за координација на активностите против корупцијата и Работната група за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за Поглавјето 23,  и

Активно учествува во активностите на меѓународните антикорупциски организации и иницијативи.  

Министерот Jашари исто така истакна дека  во јуни 2003 година во Република Македонија за прв пат е донесена Државна програма за превенција и репресија на корупцијата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата која е формирана со Законот за спречување на корупцијата во 2002 година.

Изразувајќи ја јасно својата заложба за борба против корупцијата, во 2007 година Владата на Република Македонија усвои Акциски план за борба против корупцијата, комплементарен на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, усвоена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Понатака во неговиот говор спомна за нивото на перцепцијата за корупција: Во Извештајот на Транспаренси Интернешнл за индексот на перцепција за корупцијата во 2010 година, Република Македонија е директно спомната како една од 9-те држави коишто покажале напредок, од вкупно 178 држави вклучени во истражувањето и е рангирана на 62 позиција, што претставува скок од девет 9 позиции во споредба со нејзината позицијата од 2009 година.

Една година подоцна, во Извештајот за 2011 година, со кој се опфатени 183 земји, Република Македонија забележува благ пад на индексот за 0,2 индексни поени, во Извештајот за 2012 година Република Македонија ја задржува, а во 2013 година го подобрува резултатот и позицијата за еден индексен поен, односно за две позиции, се обрати Министерот Аднан Јашари.

На крај Министерот за Правда упати благодарност до RACVIAC и РАИ за преземените активности за унапредување на регионалната соработка, за поддршката во спроведување на антикорупциски настани и активности во земјите – членки, како и за организацијата на овој настан во Македонија.

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk