Имплементација на Конвенцијата на ООН против корупција значаен меѓународен анти - корупциски инструмент  
     
 

27.11.2014

 
 

Министерот за Правда d-r Adnan Jashari присуствуваше во конференција организирана од ДКСК и мисијата на ОБСЕ во Скопје на тема:

 „Драго ми е што во серијата на разновидни настани и активности од областа на борбата против корупцијата се најде можност да се организира и настан посветен на Конвенцијата на ООН против корупција, која е еден извонредно значаен меѓународен анти - корупциски инструмент. Моето задоволство е дотолку поголемо што Министерството за правда е надлежна институција за координација на активностите поврзани со оваа Конвенција и во изминатиов период имаше интензивни активности во оваа насока„ истакна денеска Министерот за Правда d-r Adnan Jashari.

Министерството за правда е инволвирано во активностите поврзани со следењето на имплементацијата на оваа Конвенција уште од 2007 година, кога ја изврши првата само – евалвација  потоа во 2010 и 2011 година, во рамките на првиот циклус на евалвација на Конвенцијата, кој се однесува на одредбите за криминализација и спроведување на законот и одредбите за меѓународна соработка, претставници на Министерството за правда, кои се членови на листата на експерти на Обединетите нации за оваа Конвенција, учествуваа во евалвацијата на  Соединетите Американски Држави.

Министерот Јашари исто така додаде дека Република Македонија, како страна - потписничка на оваа Конвенција е особено битно што Конвенцијата ја ратификувавме без резерви и што таа е директно применлива. Тоа особено е битно во делот на екстрадициите, трансферите на осудени лица и меѓународната правна помош а исто така и во делот на меѓународната соработка во однос на откривањето на трансфери на приноси од криминал како и целокупната меѓународна соработка во однос на враќањето на приходи од криминал. Тоа значи дека доколку се појави потреба од меѓународна соработка со определена држава - потписничка на оваа Конвенција, со која немаме склучено билатерален договор или која не е страна - потписничка на други релевантни меѓународни конвенции, слободно можеме да се повикаме на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и да го реализираме конкретниот предмет.

Во денешната Конференција беа презентирани и разменети драгоцени искуства и знаења во поглед на одредбите за превентивни мерки и враќање на приноси од криминал од Конвенцијата на Обединетите нации против корупција, кои би ни дале значаен придонес во нашите активности во оваа насока и секако, би помогнале во продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk