Cоработката значајна алатка која ќе придонесе кон напредок во правничкото високо образование во Југоисточна Европа  
     
 

28.11.2014

 
 

Mинистерот за Правда во денешната Конференција одржана во Универзитетот „Свети Кирил и Методији„ на тема „ Достигнувања, напредок и предизвици во правничкото високо образование во Југоисточна Европа“  истакна дека регионот на Југоисточна Европа  е исправен пред слични предизвици во настојувањето да се унапредат системите и да се постигне степенот на развој потребен за полноправно членство во Европската Унија. Во остварувањето на заедничката цел размената на знаењата и искуствата е неопходна, а соработката значајна алатка која ќе придонесе кон тоа. Мрежата на правни факултети на Југоисточна Европа која вие ја основавте и ја развивате е платформа која ја овозможува таа соработка и со тоа значајно придонесува  кон развојот не само на системот на правничко образование и правна наука, туку и на самите правни системи на земјите на ЈИЕ.

Министерството за правда со националните проекти и учеството во европските програми,  делуваат во рамките на своите компетенции, на национално ниво и во регионот. До сега се подржани низа проекти со кои се остварува соработка и се разменуваат знаења и искуства во изградбата на правните системи и нивно усогласување со правото на Европската унија. Несомнено, во тие процеси секогаш учествуваат правните експерти од академската заедница а оваа Мрежа дополнително овозможува знаењето и искуството во различни правни области да се разменува и да се доаѓа до најдобрите решенија. Капацитетите на оваа мрежа, експертизата која стои зад неа, можностите за релевантни истражувања, образование и обука придонесуваат и во тоа и ќе продолжи не само во зајакнување на Правните факултети и нивната конкурентност, туку и во зајакнување на капацитетите на јавната администрација, правничката професија, унапредување на законодавството и ефикасноста и ефективноста на неговото спроведување. Со тоа, таа ќе стане еден од важните чинители во процесот на ЕУ интеграција на земјите од регионот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk