Работна посета на министерот d-r Adnan Jashari на Затвор Скопје – Скопје  
     
 

02.12.2014

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashari денеска го посети затворот во Шутка каде одблиску се запозна со техничките, санитарните услови и со актуелната општа состојба во затворот.

Во текот на посетата министерот Jashari беше пречекан од Директорот на затворот Александар Ѓеорѓиевски и директорката на Управата за извршување на санкции Лидија Гавриловска.

Директорот на затворот г. Ѓеорѓиевски го извести министерот Jashari за вкупниот број на затворениците и на притворените лица, како и за природата на кривичните дела за кои се лишени од слобода. Директорот Ѓеорѓиевски исто така изјави дека казните во овој затвор ги издржуваат само лицата од машкиот пол кои за прв пат извршиле кривично дело и кои се осудени со правосилна пресуда на казна затвор во времетраење од 3 години, исто така лицата кои се рецидивисти и се казнети до 6 месеци по пресметување на притворот. 

Во Затворот Скопје - Скопје се наоѓа и најголемото одделение кое е истовремено и најбезбедно за извршување на мерката притвор на целата територија на Република Македонија.

Во текот на средбата министерот Jashari лично ги посети сите одделенија на затворот за да ја види актуелната општа состојба на ова институција и на крај изјави дека Министерството за правда во соработка со Управата за извршување на санкции и во иднина интензивно ќе работат за да се подобри состојбата на затворите во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk