ЈАВЕН ОГЛАС  
     
 

03.12.2014

 
 

Врз основа на член 4 од Европската конвенција за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување, Комисијата за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

Секој од заинтересираните кандидати треба да ги исполнува следните услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да има завршено правен, медицински или филозофски факултет (отсек-психологија, социологија, или социјална работа и политика),

- да има најмалку 5 (пет) години искуство во вршење на работи во областа на заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судската медицина, социјалната медицина или психијатријата,

- да не му е изречена правосилна судска пресуда за извршено кривично дело  и

- активно да го владее францускиот или англискиот јазик.

Заинтересираните кандидати кои поднесуваат барање за избор на член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување треба да ги достават следните документи :

- уверение за државјанство

- доказ за завршено високо образование - правен, медицински или филозофски факултет (отсек-психологија, социологија, или социјална работа и политика)

- доказ за положен специјалистички испит по судска медицина, психијатрија или социјална медицина (за кандидатите кои имаат завршено Медицински факултет)

- потврда за најмалку (5) пет години искуство во вршење на работи во областа на заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судската медицина, психијатријата или социјалната медицина

- уверение за неосудуваност

- доказ за степенот на познавање на англиски или француски јазик

- кратка биографија на англиски јазик, содржана во образецот кој е објавен на веб страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk

Барањата со копии од потребните документи за докажување на исполнувањето на условите заверени на нотар, кандидатите да ги достават до Министерството за правда на Република Македонија, ул. Јуриј Гагарин бр.15, 1000 Скопје, со назнака : за Комисија за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

Рокот за доставување на барањата изнесува (15) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници “Нова Македонија“ и “Коха“.

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Во согласност со одредбите од Европската Конвенција за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување и Резолуциите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, се охрабруваат кандидати од двата пола да се пријават на огласот.

Образец CV

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk