СЕ ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА  
     
 

10.12.2014

 
 

Борбата против корупцијата е заедничка борба која се потпира врз секој од нас и нејзината успешност зависи од тоа како се однесуваме, како делуваме, какви одлуки донесуваме и какви вредности негуваме.

Во одбележувањето на овој денешен настан министерот за правда Аднан Јашари во конференцијата организирана од страна на ДКСК меѓудругото истакна дека сите институции, а не само специјализираните, имаат своја улога во борбата против корупцијата со градењето на различните политики, носењето одлуки и спроведувањето активности во рамки на своите надлежности.
Констатациите на меѓународните фактори кои се од значење за бележење на активностите и мерките против корупцијата:

- Република Македонија ги има ратификувано сите меѓународни правни инструменти значајни за антикорупциската област.
- Стратегијата за реформа на судството во земјата и акцискиот план поврзан со истата беа спроведени меѓу 2004 и 2010 година. Оттука, главните реформи во оваа област во најголем дел се веќе завршени.
- Понатаму, Европската комисија во Прогрес извештајот за 2014 година забележува дека "Воспоставена е правната и институционалната рамка и земјата постојано гради евиденција на истраги, обвиненија и пресуди".
- Како што е забележано во Извештајот за усогласеност со препораките на ГРЕКО од Третиот круг на евалуација, тековната криминализација на кривичните дела од областа на корупцијата во Република Македонија во голема мерка ги задоволува барањата на Казнената конвенција за корупцијата.


Министерот Јашари исто така напомена дека во тек е изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот за спречување на корупцијата во насока на воведување Регистар на избрани и именувани лица;
По спроведените активности за реформа на правосудството, во врска со препораките од Четврт круг на евалуација за Република Македонија, Министерството за правда презема дополнителни иницијативи и активности во насока на натамошно јакнење на интегритетот и независноста на правосудството; и

Исто така, голем број активности ќе се спроведат во рамките на Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата’’ во партнерство со администрацијата на Сојузна Република Германија, чиј главен ностител и корисник е Државната комисија за спречување на корупцијата, а еден од корисниците е и Министерството за правда.
Оценката на министерството е дека согледаните ризици и утврдените активности во Државните програми за превенција и репресија на корупцијата и превенција за намалување на појавата на судир на интереси, со Акционен план 2011-2015, се правилно согледани, конкретно посочени и соодветно разработени.

Министерот Јашари упати благодарност до Државната комисија за спречување на корупцијата и до претставништвото на Програмата за развој на Обединетите нации во Република Македонија за организацијата на овој настан и посакуваше успешна превенција за борбата против корупција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk