Министерот Маневски на Европскиот ден на правници во Виена  
     
 

01.05.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски ќе учествува на Европскиот ден на правници што ќе се одржи во Виена, Република Австрија од трети до петти мај  2007 година.

Теми на кои ќе се разговара на годинешниот Европски ден на правници се „На пат кон единсвен европски закон за кривична постапка“, „Миграција во и кон Европа“ и „Европското договорно право“.

Се очекува форумот да го отвори претседателот на Република Австрија д-р Хајнц Фишер, а на присутните  гости ќе им се обратат и австриската сојузна министерка за правда д-р Марија Бергер, германската сојузна министерка за правда и претседателка на Советот на Европската унија за правни работи г-ѓа Бригите Циприс и градоначалникот на Виена  д-р Михаел Хојпл.

Говор ќе одржи и заменикот претседател на Европската комисија и ЕУ комесар за рпавда, слобода и безбедност г-дин Франко Фратини.

Европскиот ден на правници е востановен како резултат на зголеменото значење на европското законодавство и желбата на европските правници предлозите во врска со проблемите на европското право и развојот на европското законодавство да се доближат до европските законодавци и европските институции.

Европскиот ден на правници се одржува на секои две години почнувајќи  од 2001 година, кога се одржа во Нирнберг, а потоа во Атина и Женева. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk