Средба на министерот за правда г. Аднан Јашари, со министерот за правда на Република Албанија г. Насип Начо  
     
 

23.12.2014

 
 

Министерот за правда на Република Македонија г. Аднан Јашари денеска оствари средба  со неговиот албански колега г. Насип Начо која е во рамки на неговата службена посета на Министерството за правда на Република Македонија.

За време на средбата министерот  г. Аднан Јашари го информираше неговиот колега за структурата и систематизацијата на министерството за правда, како и за уставните измени и измените на најважните закони од судството, како што е Законот за Академијата за судии и јавни обвинители. Истовремено, министерот Начо беше запознат и со проблемите и предизвиците со кои се соочува Република Македонија во  областа на судството.

Министерот Јашари со неговиот колега разговараше и за одличната соработка и билатералните договори меѓу двете земји, како и за плановите кои министерството за правда на Република Македонија ќе ги преземе во идниот период.

Министерот Начо изрази подготвеност за натамошна соработка меѓу двете држави. Двете страни искажаа максимална подготвеност за интензивна соработка меѓу државите.
Работната посета на министерот Начо ќе трае два дена, при што ќе ги посети и највисоките правни институции во Република Македонија. 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk