Анкара: Министерот Аднан Јашари го посети Министерството за правда на Република Турција  
     
 

26.12.2014

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари, на  покана на неговиот турски колега Бекир Боздаг, престојуваше во дводневна посета на Република Турција.

На средбата во Министерството за правда во Анкара, министерот г. Боздаг му посака добредојде на неговиот колега г. Аднан Јашари во Р. Турција.

Министерот г. Боздаг ги претстави  заедничките предизвици во правосудниот систем со кои се судираат  двете земји, презентирајќи ги  иницијативите кои го реформирале правосудниот систем досега во Република Турција .

Министерот за правда Аднан Јашари го запозна неговиот колега со структурата и систематизацијата на Министерството за правда во Република Македонија, и со најважните уставни и законски измени во рамките на правосудството, како што е Законот за Академијата за судии и јавни обвинители и Законот за одмерување на казните.

На средбата се разговараше и за одличната соработка и билатералните договори меѓу двете држави.

Во рамки на посетата на Р. Турција министерот Јашари се сретна со  претседателот на Врховниот суд г. Али Алкан, потпретседателот на Високиот совет за судии и обвинители, а оствари средба  и во Уставниот суд на Р. Турција. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk