Министерот за правда d-r Adnan Jashari се сретна со г. Thomas O. Melia  
     
 

05.02.2015

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashari денеска се сретна со помошник секретарот на Американскиот департман  од Канцеларијата за демократија, труд и човекови права г. Томас О. Мелиа. На средбата беа присутни и Барт Путнеј заменик шефот на амбасадорската Мисија на САД во Македонија и Давид Мејер од Канцеларијата за меѓународни односи пред Канцеларијата за демократија, труд и човекови права.

Целта на посетата беше запознавање со реализираните проекти во рамките на министерството за последните шест месеци, како и размена на мислења околу предизвиците и актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија.

Министерот Jashari ги извести присутните за активностите кои ги реализирал како министер  за правда и исто така ги информираше  и за  реформските  процеси   кои се преземаат  во однос на обезбедувањето на  независноста и ефикасноста на  судството.

Министерот за правда исто така изјави дека останува на својот конструктивен став кон меѓународните политики за интеграција на земјава во ЕУ и НАТО, како и спремност за продолжување на соработката со државниот американски департман и со Канцеларијата за демократија, труд и човекови права. Исто така министерот Jashari како позитивна и добредојдена ја оцени досегашната помош преку доделените проекти, кои помогнаа непречена реализација на преземањето на реформите.

Г. Томас О. Мелиа, изјави подготвеност за продолжување на соработката преку размена на искуствата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk