Новиот амбасадор на САД во Македонија г. Џес Бејли ја реализираше првата официјална средба со Министерот за правда, d-r Adnan Jashari  
     
 

23.02.2015

 
 

Новиот амбасадор на САД во Македонија г. Џес Бејли ја реализираше неговата прва официјална средба со министерот за правда, d-r Adnan Jashari.

На првата протоколарна средба министерот d-r Adnan Jashari му посака добредојде на амбасадорот г. Бејли во Министерството за правда,  посакувајќи му  среќа и успех  на   неговата нова  задача.

 На почетокот од средбата  министерот Jashari ја истакна досегашната успешна соработка која ја имал како министер за правда со досегашниот амбасадор  г. Волерс, посакувајќи  оваа плодна соработка да продолжи и со новиот амбасадор г. Џес Бејли.


Исто  така и амбасадорот г. Бејли  му се заблагодари на министерот за правда за гостопримството, изразувајќи  го своето задоволството од неговата посета во Министерството за правда и истовремено  изрази спремност  за  продолжување на досегашната соработка меѓу двете институции.

 Министерот   d-r Adnan Jashari го извести амбасадорот г. Бејли  за спроведените активности  реализирани во склоп на  министерството, исто така  се дискутираше и за проектите кои се во тек и кои се спроведуваат  во рамките на ова институција  и за законите кои се во надлежност на Министерството за правда   а кои треба да се утврдат како законски текстови  од страна на  Владата.

Истовремено меѓу двајцата соговорници се дискутираше и за  последната актуелна политичка состојба во Македонија, настаната со  објавувањето на прислушуваните снимки  од страна на опозицијата и околу случајот “Пуч„.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk