Министерството за правда го реши проблемот на граѓаните кои не беа запишани во Управата за водење на матични книги  
     
 

03.03.2015

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashari денес за прв пат потпиша  Одлука за регистрирање на два лица  кои  за 18 односно 17 години  не биле никогаш евидентирани во ниедна матична книга на родените.

Постапката по жалба  против  заклучокот  на  Управата за водење со матичните книги, со образложение дека  не постојат податоци за мајката е   усвоена. Одлуката на министерот  налага Управата за водење на матичните книги   да ги регистрира овие две лица. Во постапка се и други  случаи кои се чека да се разрешат согласно соодветната постапка.

Ова е едно постигнување  за сите лица кои до сега немале можност  да го остварат нивното елементарно граѓанско право,  односно правото да поседуваат лични документи.

Министерството за  правда ќе контрибуира,  кон елиминирање на разните категории на лица  кои не можат да ги остварат  правата на поседување на  матични документи, како извод и други документи за идентификување.

До сега десетина граѓани не можеле да се регистрираат, од причини  што немале ДНК анализи, или други податоци за мајката, но од сега па натаму, истите ќе можат  да се регистрираат само со податоците за таткото.

Истовремено Министерот за правда  ги повикува сите лица  кои имаат проблеми  со уредување на документите, да се обратат до Подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги, со намера да се разрешат овие проблеми што е можно по брзо.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk