ТРЕТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДКСК  
     
 

06.03.2015

 
 

Министерот Аднан Јашари денес присуствуваше на третата Годишна конференција организирана од страна на Државната Комисија за Спречување на Корупција, кој истакна дека за "Натамошно унапредување на антикорупциската политика на Република Македонија, од исклучително значење е да се следи сето она што веќе е реализирано, а е планирано со стратешките и програмските документи, истовремено оценувајќи ги ефектите од реализираното, рефлектиранo во усогласеноста на антикорупциската легислатива со меѓународните стандарди и во ефикасноста на институциите и органите во справувањето со корупцијата."

Напредокот кој што е постигнат како резултат на континуирано вложуваните напори за превенција и борба против корупцијата е забележан:

Групата на држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) констатира дека тековната криминализација на кривичните дела од корупцијата во Република Македонија во голема мерка ги задоволува барањата на Казнената конвенција за корупција.

Со цел натамошно исполнување на меѓународните стандарди во сферата на независноста на судството, се пристапи кон подготовка на измени на Законот за Судски совет на Република Македонија, и донесување на нов Закон за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, донесени во февруари оваа година.

Во истиот период, донесен е и нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел обезбедување и дефинирање на професионалните и морално – етичките квалитети на кандидатите за судии и јавни обвинители.

Министерството за правда изготви нацрт текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата во насока на воведување Регистар на избрани и именувани лица. Во тек е усогласување на Предлогот на Законот со мислењата од надлежните институции, по што истиот ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.

Процесот на изготвување на одредби за воведување систем на интегритет и системска институционална заштита на укажувачите во јавниот и приватниот сектор е повторно отворен со план истиот да биде завршен со активности во рамки на ИПА 2010 Твининг Проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, истакна Министерот за правда Аднан Јашари.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk