Амбасадорот на Белгија во Македонија г-ѓа Аник Ван Калстер го посети Министерството за правда  
     
 

08.04.2015

 
 

Амбасадорката на  Белгија во Македонија г-ѓа  Аник Ван Калстер денес реализираше протоколарна средба со министерот за правда, d-r Adnan Jashari. Дел од ова средба беше и Советникот  на Белгиската амбасада за правни прашања во Албанија, г. Чарлс Де Винтер.

Министерот за правда d-r Adnan Jashari на почетокот од средбата  ја извести амбасадорката г-ѓа  Ван Калстер за сите реализирани активности од неговото доаѓање во овој  ресор и исто времено ја извести амбасадорката за задачите и обврските кои го чекаат Министерството за правда во иднина.

Амбасадорката г-ѓа  Аник Ван Калстер во текот на посетата изрази интерес да се запознае од блиску со реализираните проекти  во рамките на министерството како и да разменат мислења околу предизвиците и актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија. Исто така г-ѓа  Ван Калстер ја изрази подготвеноста на нејзината земја за продолжување на соработката со сите институции под надлежност на Министерството за правда нудејќи си размена на искуства меѓу институциите.

Министерот за правда изјави дека има конструктивен став кон меѓународната политика во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, потенцирајќи дека ова е единствената алтернатива која би ја извадила Македонија од актуелната политичка состојба.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk