Прв состанок на Управниот одбор на Прокетот ИПА 2010  
     
 

08.04.2015

 
 

Денес во просториите на Министерството за правда се одржа првиот состанок на Управниот одбор на ИПА Проектот “Понатамошна поддршка за независно, одговорно,стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки”.

Со Управниот одбор претседаваше Министерот за правда Аднан Јашари а присутни беа членови од Судскиот совет на РМ, Врховен суд на Рм, Јавно Обвинителство на РМ, Академија за судии и Јавни обвинители и Делегација на Европската Унија.

Во Р. Македонија се вложуваат огромни напори за спроведување на реформите и реализација на основните приоритети во евро-интеграциските процеси - воспоставувањето на непристрасен, ефективен и функционален судски систем. Модернизацијата на судскиот систем, поддржувајќи ги принципите на правна сигурност, независност на судиите и консолидација на владеењето на правото, претставува еден од најважните предизвици со кој се соочува Република Македонија на нејзиниот пат кон интегрирањето во ЕУ, истакна Јашари.

Министерот Јашари исто така нагласи дека, Проектот ИПА 2010 “Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки ќе продонесе кон ‘јакнење на независноста, одговорноста, транспарентноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството и јакнење на капацитетите на судството, со посебен фокус на Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители, Академијата за судии и јавни обвинители, судовите и јавните обвинителства за ефикасно извршување на нивните задачи поврзани со имплементација на новините во законската рамка, како гаранција за независност, одговорност, транспарентност, професионалност и ефикасност на судството.

Покрај тоа, проектот ќе ја поддржи и Управата за извршување на санкции во имплементацијата на алтернативните мерки преку воспоставување на пробациската служба во согласност со европските и меѓународните стандарди.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk