Будва, Црна Гора – зам. мин. за правда Билјана Бришкоска - Бошковски учествуваше на Конференција на министрите за правда и внатрешни работи  
     
 

 
 

             На 16 и 17 април 2015 година во Будва се одржа Конференција на министрите за правда  и внатрешни работи, во рамките на Брдо процесот и Процесот за соработка во Југо-источна Европа. Во рамките на конференцијата  на која од Републка Македонија учествуваа министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменикот министер за правда Билјана Бришоска Бошковски, беа разгледувани прашањата поврзани со борбата против тероризмот, учеството во странски војски, нелегалната трговија со оружје, муниција и експлозиви, спречувањето на финансирањето на тероризмот и конфискацијата на приноси од казниви дела.

            Во рамките на втората сесија посветена на областа правда, заменикот министер за правда Билјана Бришкоска - Бошковски се обрати и ги истакна активностите кои Република Македонија ги презема за спречувањето на финансирањето на тероризмот.

             Притоа, посебен акцент беше ставен на преземените мерки за усогласување на домашното законодавство со меѓународните стандарди во оваа сфера и на ратфикувањето на меѓународните инструменти во областа на справување со тероризмот.

            Исто така, заменикот министер Бришкоска - Бошковски ги истакна преземените активности кои се однесуваат на јакнењето на капацитетите на институциите и спроведувањето на обука на судиите и јавните обвинители на теми поврзани со тероризмот и учество во странски војски.

            Како особено важни механизми за справување со овие појави беше истакната потребата за интензивирање на меѓународната соработка и примената на конфискацијата на имотот стекнат со криминални активности.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk