Официјална посета на Министерот Јашари на Министерството за правда на Р.Албанија  
     
 

20.04.2015

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари на покана на Албанскиот колега г. Насип Начо, денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Р.Албанија

„Убеден сум дека и двете влади имаат волја заеднички да се решаваат заедничките проблеми. Зајакнувањето на правните системи,  како и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем, ќе придонесе да се достигнат меѓународните стандарди  за двете земји„, истакна Јашари, кој исто така додаде дека Албанија и Македонија имаат и заеднички предизвик да се соочат со организираниот криминал.

 На прашање во врска со екстрадициите, минитерот Јашари истакна дека Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија имаат потпишано три договори за соработка, од кои  еден од нив се однесува на екстрадициите.

Дозволете ми да истакнам дека договорите со Албанија се реализирани во целост. Можам да додадам дека екстрадициите се реализираат успешно од Албанија во Македонија и обратно истакна Јашари.

 Средбата во Р. Албанија беше продолжеток на средбата која се одржа во Министерството за правда на Р.Македонија во декември минатата година. Министрите на денешната средба се договорија да ја интензивираат соработката во правосудниот систем. 

Министерот Јашари оствари средба и со Јавниот Обвинител г. Адриатик Лала при што  на средбата беше потенцираан фактот дека е потребно земјите од регионот да ги разменат нивните искуства за понатамошно зајакнување на правосудните институции.

Г. Јашари дискутираше со Генералниот Јавен Обвинител на Албанија г.Лала и во врска со заедничките предизвици за борбата против меѓуграничниот и меѓународниот организиран криминал и корупција.

 Во попладневните часови предвидена е  средба и со претставници на Врховниот суд на Р. Албанија.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk