Меморандум за соработка помеѓу Министерството за Правда на РМ и Британската амбасада во Скопје  
     
 

13.07.2015

 
 

Денес Министерот за Правда Adnan Jashari  и амбасадорот г.Charles Garret во простроиите на ЕУ инфо центарот, потпишаa меморандум за соработка и подршка во имплементацијата на проектите.

Меморандумот содржи два значајни аспекта кои се фокусирани на индикаторите за мониторинг на перформансите на правосудството и судската пракса во македонскиот правен систем.

Во рамките на овој проект ќе биде дизајниран сеопфатен систем на индикатори врз основа на меѓународно признатите стандарди за судството. Резултатите од овој проект ќе овозможат да се оценува напредокот во областа на правосудството низ призмата на неколку фактори од кои најбитни се: квалитетот, непристрасноста, интегритетот, независноста, имунитетот и обуката. Проектот ќе овозможи преку овој инструмент да се помогне во идното креирање политики, промени во законодавството и следењето на спроведувањето на законите истакна Министерот за Правда Adnan Jashari.

Министерот Јашари, истакна дека Проектот ќе создаде услови за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем, во согласност со стандардите на ЕУ.
Изминатиов период Република Македонија презема значајни мерки и активности во рамките на реформата на правосудниот систем. Донесени се и голем број на закони и подзаконски акти кои имаат за цел да ја зајакнат независноста на судството и да ја зголемат неговата ефикасност.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk