Средба на Министерот Jashari со познатиот обвинител и експерт од Соединетите Американски Држави г. Џон О`Суливан  
     
 

17.08.2015

 
 

Министерот за правда г. Adnan Jashari реализираше средба со познатиот обвинител и експерт од Соединетите Американски Држави г. Џон О`Суливан носител во разрешувањето на многу важни случаи во САД кои во главно се поврзани со борбата против организираниот криминал и корупција. 

 

Министерот Jashari во текот на средбата го извести г. О`Суливан за начинот на организирањето на судството во општо и посебно за формата на функционирањето, организирањето и правниот третман на јавното обвинителство во Македонија.

 

Исто така и експертот Џон О`Суливан го извести министерот г. Adnan Jashari за организирањето на обвинителството во САД каде на непосреден начин министерот Jashari имаше можност детално да се запознае за структурата и функционирањето на обвинителството во сите негови нивоа во САД. 

 

На крајот од средбата се разговараше и за Договорот потпишан на 2 јуни, потенцирајќи го именувањето на специјалниот обвинител како една од клучните точки, кои потпишаните странки на овој договор треба да ги применуваат.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk