Министерот Adnan Јashari во официјална посета на Министерството за правда на БиХ  
     
 

01.09.2015

 
 

Министерот за правда Аdnan Jashari, денеска престојуваше во еднодневна официјална посета во Министерството за правда на Босна и Херцеговина. Министерот Jashari во текот на оваа посета имаше средба со претседателот на Високиот Судски и Обвинителски Совет г. Milan Tegeltija и Министерот за правда на БиХ г. Josip Grubesa. На овие средби Министерот Adnan Јashari информираше за реформите во судството на РМ кои досега се преземени и кои се во тек, во насока на зајакнување на независноста и ефикасноста на судството како и надминување на иденфикуваните слабости од страна на Европската Комисија особено со донесувањето на Законот за Советот за Утврдување на факти чија цел е исклучување на политичките влијанија и влијанијата на бизнис заедницата врз судството, како и законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната со кој што се врши нормирање и воспоставување на пракса за изрекување на иста висина на казни за исти кривични дела сторени под исти околности. Министерот Adnan Јashari го нагласи и значењето на воведувањето на задолжителна медијација со измените на законот за парнична постапка и од аспект на донесување на објективни судски одлуки. Исто така во овие средби двете страни разменија искуства во поглед на изборот и разрешувањето на судии и јавни обвинители во двете земји, како и функционирањто на Високиот Судски Обвинителски Совет како единствено тело надлежно за избор и именување на сите носители на судските функции во БиХ. На средбата со Министерот за Правда г. Josip Grubesa исто така се разговараше и за одличната соработка меѓу двете земји која се одвива врз основа на договорите за правна помош во граѓански и кривични предмети, договорот за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривични предмети и најзначајниот договор за екстрадиција, при што сите договори беа изменети во 2013 година и истите се ратификувани од страна на Собранието и се во сила.

На крајот на овие средби Министерот Јашари ги покани во официјални посети во Република Македонија Министерот за Правда на БиХ Josip Grubesa и претседателот на Високиот Судски и Обвинителски Совет г. Milan Tegeltija со цел натамошно зајакнување на соработката и во други области од надлежност на двете држави и министерства.
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk