Средба на министерот за правда d-r Adnan Jashari со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г.Ернесто Масимино Белели  
     
11.09.2015

Министерот за правда Adnan Jashari денес оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во Македонија, г.Ернесто Масимино Белели. На средбата се дискутираше за соработката меѓу двете земји, особено за започнатите преговори за склучување на два билатерални договори и тоа: Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети од 20.04.1959 година со цел олеснување на нејзината примена и Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година за олеснување на нејзината примена, за кои преку директни преговори меѓу делегации на двете министерства се утврдени нацрт текстови на договорите со што е веќе започната ппроцедурата за поведување на постапката за ратификација на билатералните договори.

Министерот Jashari нагласи дека во претстојниот период преостанува да се парафираат текстовите на договорите од двете страни кои треба да ја поминат владината процедура, по што на покана и на Министерот за правда на Република Италија, г.Андреа Орландо ќе биде организирана работна посета на Министерот Jashari на Рим, Италија со цел остварување на билатерална средба меѓу двајцата министри и потпишување на договорите.

На средбата беа разменети искуства и во поглед на функционирањето на правосудството во Република Македонија и Република Италија. При тоа, Министерот го информираше Амбасадорот Белели за мерките кои Министерството за правда во континуитет ги превзема и преку донесувањето и имплементацијата на законските решенија насочени кон јакнење на независноста и ефикасноста на судството, како и напорите кои во континуитет се превземаат со цел исклучување на политичките влијанија и влијанијата на бизнис заедницата врз судството.

Министерот се заблагодари за поддршката која Република Италија и ја пружа на Република Македонија истакнувајќи дека истата е од особено значење, а со потпишувањето на договорите ќе се зајакне правосудната соработка меѓу двете земји во насока на зголемување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот.

  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk