Министерот за правда д-р Аднан Јашари учествуваше на Конференција на тема „Основање на граѓанска слобода„  
     
 

22.09.2015

 
 

Модерната демократија започнува со донесувањето на Големата повелба на слободата како прв пишан уставен акт со кој формално и системски се ограничува инаку неограничената кралска моќ и го претставува првиот чекор од глобалниот процес за втемелувањето на правната држава и владеењето на правото претставувајќи зачеток на почитувањето на човековите права.

 Имајќи ги предвид основните постулати на кои се темели едно модерно демократско општество една од нашите обврски претпоставува изградба на систем во кој се обезбедени сите предуслови кои овозможуваат висок степен на одговорност од страна на државните институции во насока на остварување на нивната обврска за почитување, заштита и развој на човековите права.

 Министерот Јашари изјави: „Во овие рамки посебно место имаат и реформите  на судскиот ситем кои се насочени  кон ефикасно, независно и самостојно судство, како основа за остварување на темелните вредности на уставниот поредок и на меѓународното право се  владеењето на правото и заштитата на човековите слободи и права, кои се неопходни  за функционирање и за унапредување на демократијата во општеството.

   Цврсто сум убеден дека функционирањето на независен, професионален и ефикасен судски систем, ќе  овозможи целосно и доследно почитување на човековите права.

 Во текот на реализацијата на овој процес истовремено мора да обезбедиме јасна поделба помеѓу судската и извршната власт со цел осигурување на загарантираните права предвидени со Уставот.

 Министерот за правда истакна дека: „Нашите цели се почитувањето  и унапредување на човековите права во Република Македонија, што подразбира целосна усогласеност на домашниот правен поредок  со принципите на меѓународните конвенции  кои  Република Македонија ги презела во моментот на  нивната ратификација“.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk