Средба на министертот за правда Аднан Јашари со амбасадорката на Германија во Македонија г-ѓа Кристине Д. Алтхаузер  
     
 

09.10.2015

 
 

        Денес во просториите на Министерството за правда, министерот Аднан Јашари го пречека на протоколарна средба амбасадорката на Германија во Македонија г-ѓа Кристине Д. Алтхаузер.

 Во текот на ова средба министерот Јашари ја извести амбасадорката за реформите што се спроведуваат и оние кои ќе се спроведат во судството во Македонија, со цел да се зајакне независноста и да се зголеми ефикасноста во судството како и решавањето на некои од слабостите идентификувани од страна на Европската Комисија во оваа област.

 Едно од клучните прашања во текот на разговорот беше и последниот акционен план за реформа на судскиот систем во Македонија, при што министерот Јашари пред амбасадорката Алтхаузер ја претстави неговата агенда за посета на судовите, која агенда првенствено му беше претставена на амбасадорот Орав, со намера да се видат условите, организацијата и функционирањето на судовите во земјата.

Овие посети министерот Јашари ќе ги спроведе во придружба на амбасадорите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk