Министерот за правда Аднан Јашари денес се сретна со г-ѓа Емине Шерифи Лубениќи - Претседателка на Комората на приватните извршители на Р. Косово  
     
 

14.10.2015

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари денес се сретна со г-ѓа Емине  Шерифи Лубениќи - Претседателка на Комората на приватните извршители на Р. Косово и со членови на  раководниот совет  на Комората на извршители на Р. Косово. 

Министерот Јашари го поздрави чинот на потпишување на  Меморандумот за соработка  меѓу  двете комори  на извршители на Р. Македонија и на Р. Косово.

На средбата  се дискутираше за  одличната соработка  меѓу двете  комори  на извршители,   примената на извршните тарифи  и на финансиската издржливост  на канцелариите на извршителите, за членство во Европската Унија на Извршители, одлучувањето по  приговорите и жалбите од судовите во Македонија,  за предметите за кои се дозволува  извршување од извршител.

Исто така се дискутираше и на други теми од  интерес на двете страни оставајќи си отворена  можност за почести средби и разменување  на меѓусебни искуства за унапредување на системот на извршување.

Министерот Јашари вети негова поддршка и на Министерството за правда од оваа област  и од други области кои доведуваат до правна соседна соработка. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk