Завршна конференција на ИПА Проектот 2009  
     
 

05.11.2015

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари денеска учествуваше на завршната конференција на ИПА Проектот 2009 на тема “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” организирана во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Европскиот Совет.

 Целта на денешниот настан беше да се презентираат главните достигнувања и постигнатите резултати од овој проект, како и нагласување на  неопходноста од преземање на идни мерки и активности со цел да се обезбеди континуитет во развојот на целокупниот затворски систем во државата.

 Министерот Јашари во своето обраќање на Конференцијата  истакна дека реализацијата на ИПА Проектот 2009 во голема мера помогна во заложбата за подобрување на одредени области од затворскиот систем и се заблагодари на Советот на Европа за нивната безрезервна поддршка кои заедно со Управата за извршување на санкциите како носител на втората компонента, успееја да ги остварат крајните очекувања од овој проект.

 Придобивките од овој проект истакна Јашари поврзани со прашањата од затворскиот систем се однесуваат на повеќе сегменти, а една од нив е изработката на Националната Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија која ги содржи основните стратешките определби на Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите за понатамошниот развој на целокупниот затворски систем.

 

 Јашари нагласи дека посебен акцент во рамки на проектот беше ставен и на подобрување на надзорот на работењето на казнено - поправните установи што се постигна преку изработка на унифицирани критериуми за постапување на инспекторите за извршување на санкциите, но и преку серија на обуки и други активности кои придонесоа да се унапредат нивните знаења и вештини за ефикасно вршење на надзорната функција.

 

 Осврнувајќи се на достигнување на зацртаните цели министерот Јашари изјави  дека Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите, како и казнено - поправните установи покажаа целосна посветеност во реализација на планираните активности и задачи и со тоа придонесоа за постигнување на споменатите резултати.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk