Посета на министерот за правда D-r Adnan Jashari на Црна Гора  
     
 

17.11.2015

 
 

Министерот за правда D-r Adnan Jashari на 16.11.2015 година оствари еднодневна официјална посета Подгорица, Црна Гора во текот на која посета оствари средби со Министерот за правда на Црна Гора, г.Зоран Пажин и Претседателот на Врховниот суд на Црна Гора, г-ѓа Весна Меденица.

 

На средбата со Министерот Пажин, Министерот Јashari информираше за сеопфатните реформи во правосудството кои се преземаат на законодавен и институционален план, особено од аспект на механизмите кои се воспоставени со цел заштита на правата и слободите на граѓаните и владеењето на правото. Министерот Јашари, покрај реформата на правосудството ги потенцираше континуираните напори кои се превземаат со цел исклучување на политичките влијанија и влијанијата на бизнис заедницата врз судството, истовремено и преку решенијата донесени со законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната со кој што се врши нормирање и воспоставување на пракса за изрекување на иста висина на казни за исти кривични дела сторени под исти околности, Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија. МинистеротAdnan Јashari го нагласи и значењето на воведувањето на задолжителна медијација со измените на законот за парнична постапка и од аспект на донесување на објективни судски одлуки. Исто така, се разменија искуства во поглед на воведувањето на уставната тужба предвидена со амандманите на Уставот, која успешно функционира во судскиот систем на Црна Гора. На средбата Министерот Пажин го претстави и Системот за електронско управување со предметите од областа на меѓународна правна помош кој се применува во Министерството за правда на Црна Гора од јануари 2015 година. Двајцата Министри договорија натамошна билатерална соработка преку размена на искуства во областа на правосудството како еден од најзначајните аспекти во реформските процеси на двете држави.

 

На средбата со Претседателот на Врховниот суд, Претседателката Меденица го информираше Министерот Jashari за спроведените реформи во судството, остварените резултати во работата на судовите, намалувањето на бројот на предмети како и за функционирањето на Центарот за едукација на носителите на правосудни функции во Црна Гора. Беа разменети искуства и во поглед на употребата на алтернативните начини за решавање на споровите, како и потребата за воедначување на судската пракса. На средбата уште еднаш се констатираше значењето од транспарентноста и ефикасноста на судството особено за државите од Западен Балкан особено од аспект на нивна интеграција во Европската Унија.

 

На крајот на средбите беше констатирано значењето од квалитетна и ефикасна регионална соработка како еден од условите за Европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Министерот Јашари ги покани во официјални посети во Република Македонија Министерот за Правда на Црна Гора, г.Зоран Пажин и претседателот на Врховниот суд г-ѓа Весна Меденица во насока на нејзино континуирано унапредување. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk