Министерот Д-р Аднан Јашари во посета на Министерството за правда на Република Бугарија  
     
 

23.11.2015

 
 

Министерот за правда Д-р Аднан Јашари година оствари средба со министерот за правда на Република Бугарија, г.Христо Иванов.

На средбата министрите разменија искуства во поглед на поставеноста и функционирањето на судските системи во двете држави. Министрите за правда дискутираа и во поглед на законската и институционална поставеност и надзорот над нотарите, извршителите и медијаторите, законските решенија за унифицирање на судската пракса, условите за избор, унапредување и разрешување на судии и јавни обвинители.  

Министерот Јашари воедно го информираше бугарскиот колега за новодонесените закони во сферата на правосудството кои се во насока на инкорпорирање на најновите европски и меѓународни стандарди.

Двајцата министри се согласија за суштинското значење на ефикасна и успешна билатералната соработка во областа на правосудството меѓу двете држави за која цел во претстојниот период ќе се иницира формирање на работни групи и започнување на преговори за склучување на билатерални договори за меѓусебна правна помош во кривичните предмети како и договор за екстрадиција.

Министерот Јашари на крајот на средбата потенцираше дека покрај низата билатерални средби во земјите од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија и Косово, ќе продолжи со остварувањето на работни посети и билатерални средби со министрите за правда како во останатите земји во регионот, така и со земјите членки на Европската Унија во насока на зајакнување на билатералната соработка, размена на искуства и решавање на идентификуваните слабости во сферата на правосудството и борбата против корупцијата со цел приближување на македонското национално законодавство кон законодавството на Европската Унија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk