Камениот мост засвети во портокалово во поддршка на кампањата против насилството врз жените  
     
 

26.11.2015

 
 

Министерот Аднан Јашари вчера заедно со амбасадорите  г-ѓа Луиза Винтон, г. Аиво Орав, г. Џес Бејли, г. Ернесто М. Белели, како и другите амбасадори,  учествуваа на кампањата организирана од страна на Делегацијата на ЕУ и семејството на Обединетите нации, кои заедно со националните партнери, ги здружија  силите во поддршка на  16-те дена активизам против родовото насилство.  Меѓународната кампања  има цел да ја подигне свеста за овој социјален феномен преку организирање низа активности коишто ќе придонесат за „Ставање точка“ на насилството врз жените и девојките ширум светот.

Министерот Јашари на неговото обраќање потенцираше: Како Министер за правда ми причинува особена чест да ви се обратам денес на овој настан со којшто започнуваме камања против родово базирано насилство. Оваа кампања е одлична можност да ја реафирмираме нашата определба и активности за нулта толеранција за насилството спрема жената бидејќи тоа е груба повреда на човековите права и дискриминиција. 

Воедно статистичките податоци во Република Македонија покажуваат дека жените се доминанти жртви на семејно насилство.

Овие податоци ја наметнуваат потребата од интензивирање и исполнување на предвидените активности на национален план во Република Македонија за превенција и справување со насилството спрема жената и семејното насилство. Во оваа насока, Република Македонија, како членка на Советот на Европа, го поддржа донесувањето на  Конвенцијата за превенција и борба со насилство спрема жената и домашно насилство а во 2011 година Владата донесе одлука за нејзино потпишување.

На крајот  министерот Јашари додаде дека: „Во оваа насока, како Министер за правда, сакам да нагласам дека Министерството за правда, преку своите програмски активности, ќе продолжи да дава придонес во националните активности во Република Македонија за унапредување и спроведување на човековите права во областите на родовата еднаквост, недискриминацијата и превенција и справување со насилството спрема жената.

Очекувам дека оваа кампања ќе даде дополнителен придонес кон унапредување и поефикасна превенција, заштита и поддршка на жените жртви на насилство.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk