Министерот Јашари учествуваше на промоцијата на анализата „Унифицирање на судската пракса во Македонија – можности наспроти предизвици,,  
     
 

03.12.2015

 
 

Анализата е дел од проектот „Поддршка за воведување на унифицирана судска пракса во судскиот систем на Македонија“, кој го реализира Центарот за истражување и правна анализа и истиот се имплементира во рамките на меморандумот за соработка кој е потпишан помеѓу Министерството за правда на Македонија и Амбасадата на Британија во Скопје.

 

 Министерот Јашари во неговото обраќање рече дека постојната правна рамка согласно Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори за примената на судската пракса укажуваат на значајната улога на Врховниот суд на Република Македонија како највисокиот суд во Република Македонија кој го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите преку донесени и утврдени начелни ставови и начелни правни мислења по одделните правни прашања кои придонесуваат кон унапредувањето на судската практика и усогласеноста на примената на законите од страна на судовите, со што се обезбедува правната сигурност на граѓаните и довербата во судскиот систем.  

 

 Токму затоа  рече Јашари е значајна улогата на овој Извештај со кој е извршена детална анализа согласно која може да се воочат пречките во досегашниот правен систем, можностите и предизвиците за нивно надминување и обезбедување на најсоодветно понатамошно решение за воспоставување на унифицирана судска пракса, согласно што квалитетот на судските одлуки ќе биде подобрен, а зголемената правна сигурност ќе доведе и до зголемена доверба во судството потенцираше Јашари.

 

 Министерот истакна дека овие препораки дадени во рамки на извештајот, треба  да бидат анализирани и дискутирани со учесниците во правосудниот систем, и да бидат избрани најдобрите решенија за понатамошниот развој и унификација на судската пракса во Република Македонија.

 

 Заедно со министерот на оваа Конференција учествуваа и амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет и претседателот на Центарот за истражување и правна анализа Лидија Стојкова – Зафировска.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk