Соопштение - Покана за консултативен настан за Предлог - Стратегијата за реформа на правосудниот сектор  
     
 

07.12.2015

 
 

Министерството за правда ве информира дека на 9 декември 2015 година (среда), со почеток во 10,00 часот, во ТЦЦ Гранд Плаза Хотел Скопје (конференциска сала I спрат) ќе се одржи консултативен настан за Предлог -Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

 

 На настанот кој  е во организација на Министерството за правда на РМ, како и во соработка со ИПА 2010 проектот ,,Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки ,, и со ГИЗ , со свое обраќање ќе земе учество министерот за правда Д-р Аднан Јашари.

 

 Консултативниот настан е во врска со подготовката на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, изработена со стручна и логистичка поддршка на проектот за подготовка на програмата за поддршка на правосудниот сектор и ИПА 2010 проектот.

 

 Учество ќе земат претставници на сите правосудни институции во РМ, односно претставници од Министерството за правда на РМ, Судскиот совет на PM, Врховниот суд на PM, Апелационите судови, Основните судови, Управниот суд и Вишиот управен суд, Советот на Јавни обвинители на  PM, Јавното обвинителство на PM, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев", Дирекција за заштита на лични податоци, Управа за извршување на санкциите, Адвокатска комора на PM, Нотарска комора на РМ, Комора на извршителите на PM,Комора на медијатори на PM, како и странски донатори,невладини организации и граѓански здруженија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk