Јашари:-Расте бројот на Албанците во судството во Македонија  
     
 

21.12.2015

 
 

 

Министерот за правда Аднан Јашари денеска ја пречека  делегацијата од извршната и законодавната власт предводена од  Министерот за економија Беким Незири, пратеничките  Ермира Мехмети, Вјолца Мехмети – Нуредини, и  членот на  ДИК  Субхи Јакупи.

            На средбата министерот Јашари информираше за направените реформи во Министерството за правда, активностите кои се преземени  и се преземаат за востановување на  независно и ефикасно судство во  Република Македонија.

            Во однос на правичната  и соодветна застапеност министерот Јашари  нагласи дека континуирано се спроведува и како пример во судството ги посочи раководењето на албанците  со судовите од Дебар, Струга, Кичево, Гостивар со Апелациониот суд, Тетово, Скопје со  Управниот суд и 2 Скопје и Куманово,  како и   предвиденото место за  потпретседател во Основниот суд Скопје 1. Избрани се и  два  потпретседатели во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Исто така нагласи Јашари во Комисијата која се  формира со  законот за утврдување на висината на казните, од вкупно седум члена,   избрани се  двајца албанци, Арта Билали  и Неџат Елези.

            Министерот Јашари  исто така ја информираше делегацијата за донесените закони на Влада:

„ Уште една иновација во казнениот систем во РМ е Законот за пробација нагласи Јашари. Овој закон предвидува натамошно издржување на казната преку алтернативни форми, како примарна цел на овој закон е ефикасна реинтеграција и ресоцијализација на затворениците, од една страна и намалување на бројот на затвореници во веќе пренатрупаните затвори од друга  страна рече тој

            Во предлог Законот за нотаријат и Законот за извршување,  сме постигнале во законскиот текст да се интегрираат одбранбени механизми на соодветна и правична застапеност на Албанците во процесот на селекција на нотари и извршители рече Јашари. Овој механизам предвидува дека во одредувањето на регионот за кои се назначува нотар или извршител, да се утврди вкупниот број на објавените  места, и бројот на местата кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, истовремено почитувајќи ги принципите на правична и  соодветна застапеност.

Посебно внимание е  посветен на предлог Законот за академија за судии и јавни обвинители со кој се предвидува алтернативна опција за вклучување на кандидати во Академијата и нивниот избор за јавни обвинители. Измената се состои од можноста кандидатите со работно искуство од  пет години работа кај  обвинител или во суд,  и  кај адвокатите, со просечна оценка од 7.0 да може да биде дел од интензивната  академија, која ќе трае 9 месеци и после тоа се квалификува како јавен обвинител истакна Јашари

            Министерот за економија г. Беким Незири истакна  дека  со денешната посета во  Министерството  за правда оваа делегација имала за цел   од првиот човек на ова институција  да слушне за работите, активностите и законите кои се донесени во последно време од ова област, за проектите кои  се во полза на Албанците во Македонија, но и за општеството во целина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk