Министерот Јашари на дебата на тема: “Како до Европско судство“  
     
 

23.12.2015

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари денеска во Собранието на Република Македонија учествуваше на јавна дебата на тема “Како до Европско судство“.  

На дебатата учествуваа и вицепремиерот Фатмир Бесими и претседателката на Комисијата за Европски прашања, пратеничката Ермира Мехмети. 

Во текот на дебатата министерот Јашари изјави дека интегрирањето на Република Македонија во Европската унија претставува стратегиска цел и врвен приоритет во таа насока владеењето на правото и заштитата на човековите права се условите кои треба целосно да ги исполниме на патот кон пристапувањето во заедничкото европско семејство рече Јашари.  

Додека правосудните институции ја имаат главната улога во остварувањето на правдата и претставуваат основна гаранција за почитувањето на правата и слободите на граѓаните додаде Јашари.  

Имајќи ги во предвид резултатите од досегашната примена на законска регулатива, како и препораките на Европската Комисија содржани во Извештаите за напредокот во процесот на пристапување во ЕУ, се наметна потребата од изработка на нова Стратегија за натамошна реформа на правосудниот систем за период 2016 – 2020 изјави Јашари. 

Тој истакна дека реформата во правосудството не смее да заврши со донесувањето на Стратегијата. Зголемувањето на свеста кај сите одговорни фактори за потребата од реформи има клучна улога во имплементацијата на Стратегијата од што во голема мера ќе зависи успешноста во функционирањето и развојот на правосудниот систем што е наша заедничка цел рече Јашари.  

И другите соговорници кои беа дел од оваа дебата ја истакнаа неизбежната потреба која ја има Македонија во насока на исполнувањето на стандардите во согласност со забелешките кои се упатуваат од страна на релевантните меѓународни институции, за независно и ефикасно судство.


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk